Ливерпул тргнува по првиот напаѓач на Реал Мадрид

Во Реал Мадрид е планирано големо преструктуирање на тимот, откако „кралевите“ покрај Килијан Мбапе најавуваат и ангажман на Ерлинг Халанд, за нов тандем од соништата во навалната линија на најтрофејниот европски гигант. Доколку овие најави се реализираат, повеќе од јасно е дека Карим Бензема ќе биде пред заминување од Реал Мадрид.

Бензема е лидер на нападот на „кралевите“, но не планира да остане доколку клубот не смета на него како на стандарден првотимец. Французинот е подготвен да ги разгледа опциите за заминување во друга лига, а Ливерпул планира да ја искористи можноста за да го доведе овој одличен голгетер на „Енфилд“.

Со оглед на фактот дека веќе ќе има 34 години јасно е дека неговата вредност на пазарот нема да биде превисока, а интензивниот пресинг што Бензема знае да го игра на противничката половина, заедно со ефикасноста во шеснаесетникот го прави идеален за тимот на Јирген Клоп.

Во Реал Мадрид моментно на францускиот голгетер гледаат како на незаменлив играч, но ситуација дефинитивно ќе се промени доколку во јули 2022 на „Сантијаго Бернабеу“ пристигнат и Мбапе и Халанд.

Се вчитува...