Ливерпул убедлив во градското дерби со Евертон

Ливерпул е незапирлив оваа сезона во Премиер – лигата. Тимот на Јирген Клоп го декласира градскиот ривал Евертон со 5-2 во „Мерсисајд“ дербито.

„Црвените“ почнаа жестоко, поведоа со 2-0 со головите на Дивок Ориги и на Џердан Шаќири, а веднаш возврати Моисе Кеан во 21.минута за уште повозбудлив дуел. Дивок Ориги со вториот гол и Садио Мане до крајот на првиот дел постигнаа уште два гола за Ливерпул, а шоуто во последните мигови пред одморот го зачини и Ришарлисон со шести гол вкупно, за 4-2.

Во вториот дел немаше голеада, но во самиот финиш Џорџинио Вајналдум постигна петти гол за Ливерпул за убедлив триумф против градскиот ривал Евертон.

Се вчитува...