Ливерпул убедливо, Сити едвај до следна рунда во Лига купот на Англија

Ливерпул повеќе од убедливо со 2-7 славеше на гостувањето против Линколн во третата рунда натпревари од Лига купот на Англија.

„Црвените“ до победата дојдоа со головите Шаќири, Грујиќ, Ориги кој стрелаа по еднаш, и Минамино и Џоунс кои во два наврати се запишаа во листата на стрелците.

За разлика од Ливерпул, Манчестер сити, пак, едвај со 2-1 на домашен терен славеше против Бурнмаут. Делап во 18. минута погоди за 1-0 на „граѓаните“, Сариџ во 22. минута израмни за гостите а Фоден со гол во 75. минута ја донесе посакуваната победа за Манчестер сити и пласман во следната фаза од натпреварите во Лига купот.

Се вчитува...