Ливерпул уште долго ќе биде „црвен“, Сити стигна до тежок триумф над Астон Вила (ВИДЕО)

Ливерпул уште долги години ќе биде „црвен“, откако избраниците на Јирген Клоп уште еднаш покажаа дека се прв тим во градот на „Битлси“, прегазувајќи го градскиот ривал Евертон и тоа на неговиот терен со 1-4.

Гостите поведоа со голот на Хендерсон во 9. минута. На 0-2 зголеми Мохамед Салах во 19. минута, а до крајот на првите 45. минута, гостите намалија на 1-2 со голот на Греј во 38. минута. Во 64. Салах со својот втор гол повторно донесе два гола предност за „црвените“, додека конечните 1-4 ги постави Диого Жота во 79. минута.

Манчестер сити стигна до важен триумф на гостувањето кај Астон Вила од 1-2. Дијаш и Бернардо Силва беа стрелци за головите на „граѓаните“, додека единствениот погодок на тимот од Бирмингем беше дело на Воткинс.

 

 

 

 

Се вчитува...