Ливерпул уште долго ќе го памти Тросард: Хет-трик среде „Енфилд“ за реми на Брајтон – Челси со гол во финишот до победа над Палас (ВИДЕО)

Ливерпул и Брајтон се сретнаа во 9-то коло од англиската Пермиер-лига, меч во ги поделија бодовите 3-3. Ливерпул лошо го започна мечот, откако Леандро Тросард по една одлична акција реализираше со супер завршница за 0-1 во 4. минута. Домаќините беа очигледно во шок, а нов студен туш истиот фудбалер им приреди и во 18. минута, овојпат за водство од 0-2.

До крајот на полувремето Ливерпул постојано се обидуваше да се врати во игра, а во тоа му успеа на Роберто Фирмино во 33. минута, гол за 1-2, резултат со кој се замина на пауза. Онаму каде што застана таму и продолжи, Роберто Фирмино го отвори вториот дел со гол во 54. минута, успевајќи да го врати својот тим од негатива.

По речиси десет минути игра, „црвените“ направија целосен пресврт, а во ова им помогна Адам Вебстер со автогол во 63. минута. Сепак, гостите и понатаму не се откажаа, трпеливо ја чекаа својата шанса, а фановите на Ливерпул со согирност уште долго ќе го паметат Леандро Тросард, кој постигна нов гол за хет-трик во 83. минута за конечно реми.

Во рамки на 9-то коло и Челси имаше тешка задача против незгодниот Кристал Палас. Натпревар кој припадна на гостите остварувајќи победа во финишот од 1-2

Домаќините мечот го отворија преку Одсон Едуард во 7. минута. „Сините“ по крајни напори едвај израмнија преку Пјер-Емерик Обамејанг во 38. минута, анулирајќи ја негативата, па со 1-1 заминаа на пауза.

Челси овој дуел го доби благодарение на Конор Галагер, кој во 90. минута постигна супер гол од далечина за 1-2 и нови три бода.

Се вчитува...