Ливерпул во напредни преговори за ангажман на Вилијан

Бразилецот Вилијан ќе го напушти Челси, но најверојатно ќе остане во Премиер – лигата. Актуелниот лидер на табелата Ливерпул е во напредни преговори за да го ангажира Вилијан по завршувањето на сезоната како слободен агент. Тој ќе добие месечна плата од 300.000 фунти и веќе покажал желба да се пресели на „Енфилд Роуд“.

Крилниот играч на Челси доби понуда и да остане на „Стемфорд бриџ“, но клубот инсистира на нова двегодишна соработка, додека Вилијан сака договор на најмалку три сезони. Ливерпул е подготвен да ги исполни желбите на бразилскиот интернационалец.

Вилијан дојде во Челси во 2013 година и оттогаш одигра 226 натпревари за „сините“ од Лондон, постигнувајќи 33 гола.

Се вчитува...