Ливерпул во офанзива по Дембеле

Ливерпул беше премногу тивок во летниот преоден рок, но „црвените“ се подготвуваат за да доведат врвно засилување за наредната сезона. Францускиот репрезентативец Усман Дембеле се наоѓа на врвот на листата со желби на Јирген Клоп, а директорот Мајкл Едвардс веќе стапил во првичен контакт со агентот на крилниот офанзивец.

Особено привлечно за Ливерпул е што Дембеле наредното лето станува слободен играч, па веќе на 1 јануари би можел да биде потпишан преддоговор со него, за Французинот од 1 јули без никаква отштета за Барселона да се пресели на „Камп Ноу“.Лапорта тврди дека ќе му понуди нов договор на Дембеле, но деновите минуваат, а самиот фудбалер повеќе не е толку убеден дека останување во Барса би бил вистинскиот потег за неговата кариера.

Клоп би можел да го продаде Садио Мане на крајот од сезонава, со што Дембеле би имaл и загарантиран првотимски статус во таборот на „црвените“. Воедно, бидејќи би станувало збор за слободен трансфер, Французинот би добил и околу 20 милиони фунти за самиот потпис на договорот, како и плата од над 10 милиони фунти, доволна причина за заминување од „Камп Ноу“ и преселба на „Енфилд“.

Се вчитува...