Ливерпул во преговори за мега спонзорски договор!

Успешните сезони на Ливерпул го вратија клубот на местото кое го заслужува во Англија и Европа, но истовремено го направија и поатрактивен за спонзорите.

Англиските медиуми тврдат дека „црвените“ можат да склучат рекорден спонзорски договор со банката „Standard Chartered“, чие име стои на централното место на дресовите изминативе години.

Договорот истекува по крајот на следната сезона, а од досегашните 40 милиони фунти годишно, Ливерпул може да стигне до двојно поголема сума која ја наметнува големата конкуренција од компаниите кои сакаат да се најдат на оваа позиција.

Одговорните во банката наводно ќе прифатат и сума од 80 милиони, што би бил нов светски рекорд во однос на спонзорски договор за рекламирање на дресови.

Настапите и успесите на Ливерпул довеле до сериозно зголемување на продажбата на дресови во цел свет, а останувањето на Јирген Клоп и битката за четири трофеи сезонава е доказ дека англискиот великан може да очекува позитивна иднина.

Се вчитува...