Ливерпул во Тотенхем ја најде замената за Ван Дајк, на „Енфилд“ доаѓа неговиот сонародник

Се подготвува Ливерпул полека за ера без Вирџил ван Дајк, кој можеби ги брои последните денови како член на тимот од „Енфилд“. Така него би можел да го замени неговиот сонародник Мики ван де Вен.

Клубот сака да го искористи застојот во преговорите меѓу играчот и неговиот клуб Тотенхем, и да го ангажира како долгорочно засилување во дефанзивата.

Тековниот договор на 25-годишниот стопер со „Спарс“ истекува во 2029 година. Ливерпул има конкуренција и во тимот на Барселона, која исто така го посакува Холанѓанецот во своите редови.

Се вчитува...