Ливерпул задржа уште еден клучен играч

Ливерпул продолжи со потписите на играчите кои беа клучни во освоената европска круна, па денеска нов петгодишен договор со „црвените“ потпиша Жоел Матип. Камерунецот играше импресивно во вториот дел од ланската сезона формирајќи моќен тандем со Ван Дајк, по што Јирген Клоп инсистираше да му биде понудено продолжување на соработката.

„Однадвор се чини дека Ливерпул е голем клуб, но кога ќе бидете внатре, дури тогаш ја забележувате неговата вистинска големина, со бројни фанови во буквално секоја земја во светот. За мене е чест што сум дел од клубот и среќен сум што со овој потпис осигурав дека долго ќе останам овде“ – изјави Матип.

Овој дефанзивец беше доведен од Јирген Клоп како слободен играч од Шалке во 2016 година, неколку сеозни важеше за резервна опција, за ланската сезона да се наметне како прв избор кај германскиот стратег.

Тој поради повреда не настапи на последниот премиерлигашки дуел со Лестер, но сега е „фит“ за настап на неделното дерби на „Олд Трафорд“ против Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...