Ливерпул го договори Минтех, Фабињо се враќа во Европа

Ливерпул се договори за личните услови со крилниот напаѓач на Брајтон, Јанкуб Минтех. Крилниот офанзивец е високо на листата со желби на Ираола, а управата на Ливерпул се договори за петгодишна соработка со него, но сега преостанува потешкиот дел од задачата – да се најде заеднички јазик со Брајтон.

Како што објави Фабрицио Романо, 22-годишникот сака да се пресели на „Енфилд“, но Брајтон веќе одбил две понуди, вредни околу 58 и 69 милиони евра. Преговорите меѓу клубовите продолжуваат.

Неофицијално, Брајтон бара 80 милиони евра, па останува да се види дали Ливерпул ќе се согласи на оваа сума за да го доведе крилниот офанзивец на „Енфилд“.

Во исто време, поранешниот играч од средниот ред на Ливерпул, Фабињо се враќа во европскиот фудбал. По три години во саудискиот Ал-Итихад, тој постигна усмен договор со Трабзонспор, каде по медицинските прегледи, чека потпишување на договорот.

Се вчитува...