ЛК: „Лавовите“ против ЦСКА Софија, Рапид Виена можен ривал на „Академците“, Шкендија ако мине ќе патува во Летонија

Нашите екипи ги добија противниците во 2. квалификациско коло во Лигата на конференции. Познато е дека Македонија ЃП сигурно ќе игра таму и негов ривал ќе биде бугарскиот тим ЦСКА Софија.

Ако Шкендија ја мине Арарат Ереван, ќе игра со летонскиот тим Валмиера во 2. квалификациско коло од ЛК.  Академија Пандев, пак, кој го има за противник тимот на Лехија Гданск, доколку помине, ќе се сретне со Рапид Виена.

Интересно е тоа што сите три тима прво ќе гостуваат на противниците.

Во 2. коло од Лигата на Конференции ќе се пласира и Шкупи доколку загуби од Линколн во 1. квалификациско коло од ЛШ, и таму ќе игра со поразениот од дуелот Тобол – Ференцварош.

Се вчитува...