ЛОИ – АТЛЕТИКА: Камачо – Квин прва златна атлетичарка на ЛОИ за Порторико

Порториканката Јасмин Камачо – Квин го освои златниот медал на 100 метри со пречки на Летните олимписки игри во Токио. Камачо – Квин до златниот медал стигна со време од 12.37 секунди што беше за 11 стоти делови од секундата послабо од олимпискиот рекорд кој го постигна во полуфиналето.

Среброто и припадна на светската рекордерка, Американката, Кендра Херисон, додека со бронза се закити Меган Тејпер од Јамајка.

Гркот Митиадис Тентоглу е новиот олимписки шампион во скок во далечина, откако во последната серија успеа да скокне 8.41 метар и да го совлада кубанското – дуо Хуан Мигуел Ечеверија и Мајкел Масо кои мораше да се задоволат со сребро и бронза.

За издвојување од утринската програма е и големиот кикс на бронзената од 100 метри, Јамајканката Шерика Џексон, која премногу ноншалантно ја заврши квалификациската трка на 200 метри и не успеа да обезбеди пласман во полуфиналето.

 

Се вчитува...