ЛОИ – АТЛЕТИКА: Канаѓанецот Де Грас олимписки шампион на 200 метри

Канадскиот спринтер Андре де Грас е победник на трката на 200 метри на Летните олимписки игри во Токио. Канаѓанецот до златниот медал стигна со време од 19.62 што е национален рекорд на Канада и седмо најдобро време во историјата. Второто и трето место им припадна на Американците Кенет Беднарек и Ноа Лајлс.

Кенијците забележаа еден/два победа на трката на 800 метри каде златото му припадна на Емануел Кипкури додека со сребро се закити Фергусон Ротич. На третото место заврши Полјакот Патрик Добек.

На 3000 метри стиплчес Перут Чемутаи од Уганда го освои златниот медал пред Кортни Фрерич од САД и Хивин Кијенг. Полјакот Војчех Новицки го освои златниот медал во фрлање кладиво со 82.52 метри, пред Норвежанецот Елвид Хенриксен и вториот Полјак Павел Фајдек.

Се вчитува...