ЛОИ: „Фото-финиш“ на Италија за злато во штафетата 4×100

Италија е освојувачот на златниот медал на штафетата четири пати по 100 метра откако во „фото-финиш“ славеше пред атлетичарите на Велика Британија. Херојот на Италијанците е Филипо Торту кој во последниот круг успеа да надокнади заостанување зад својот противник од Велика Британија и да ја заврши штафетата една стотинка пред него.

За златниот медал Италија истрча со нов национален рекорд од 37.50, среброто и припадна на Велика Британија со резултат од 37.51, додека бронзениот медал го освои Канада со резултат од 37.70.

Се вчитува...