ЛОИ – ФУДБАЛ: Совладан домаќинот – бронзата е во рацете на Мексико

Фудбалската репрезентација на Мексико е освојувачот на бронзениот медал на Летните олимписки игри во Токио откако во „малото финале“ славеше против домаќинот на Игрите, Јапонија со 3-1.

Мексико натпреварот го отвори во 13. минута со голот на Кордова, а во 22. минута Васкез го удвои водството за комотна предноста на полувремето. Крај на надежите на Јапонците стави Вега кој во 58. минута донесе водство од 3-0, а Митома го постигна почесниот гол за Јапонија.

Се вчитува...