ЛОИ ја испишаа и првата убава приказна – Натпреварувачка од Судан во веслање ги освои срцата на целиот свет

Посебни симпатии на игрите во Токио собра Есра Когал натпреварувачката во веслање која доаѓа од Судан, земја која нема голема традиција во овој спорт, а која во Токио стигна со специјална покана од Меѓународниот олимписки комитет.

Когали нормално немаше никакви шанси во својата квалификациска група каде зад победничката Кара Колер заостана две минути и 28 секунди. Меѓутоа, олимписките игри секогаш се водат со мотото важно е да се учествува и секогаш носеле вакви прекрасни приказни.

Когали по доаѓањето на целта доби овации од сите присутни.

Се вчитува...