ЛОИ – КОШАРКА: Американките ја понижија Австралија и закажаа полуфинале со Србија

Соединетите Американски Држави буквално ја понижија Австралија со 79-55 во вториот четвртфинален натпревар на женскиот кошаркарски турнир на Летните олимписки игри во Токио.

Женскиот „дрим-трим“ уште во првата четвртина покажа колку е моќен добивајќи ја со 26-12. До полувремето разликата изнесуваше плус петнаесет 48-33, а во вториот дел разликата само се зголемуваше за конечни 79-55.

Брина Стјуарт со 23 поени беше прво име кај САД, додека кај Австралија Мичел заврши со 14 поени. Во полуфиналето Американките ќе се сретнат со Србија.

Се вчитува...