ЛОИ – КОШАРКА: Франција последен патник во полуфиналето на женскиот турнир

Франција ја совлада Шпанија со 67-64 во европското дерби на женскиот кошаркарски турнир на Летните олимписки игри во Токио. Франција три четвртини ја имаше контролата на резултатот.

Во последните десет минути Шпанките се обидоа да се вратат во мечот, но немаа сили за победа и на крајот ќе мора да се задоволат само со четвртфинале на олимпискиот турнир. Марин Јоханес со 18 поени беше прво име во францускиот табор, додека кај поразените Асту Ндур заврши со 16 поени.

Во полуфиналето Франција ќе се сретне со домаќинот Јапонија од кого изгуби во групната фаза, додека втората полуфинална двојка ја сочинуваат САД и Србија.

Се вчитува...