ЛОИ – КОШАРКА: Јапонија ја прегази Франција за финале со САД

Женската кошаркарска репрезентација на Јапонија е вториот патник во финалето на Летните олимписки игри во Токио откако Јапонките славеа против Франција со 87-71 и закажаа дуел за златниот медал против фаворизираните Американки кои денеска славеа против Србија.

Франција одлично го започна натпреварот и веќе по 10. минути игра имаше предност од 22-14, но добрата игра на Французинките запре тука. Јапонија ја превзема иницијативата, одигра одлично во нападот и одбраната и на полувремето замина со предност од 41-34. Добриот моментум на Јапонките продолжи и во третата четвртина која домаќинот на турнирот ја доби со 27-16 за +18 (68-50) по 30. минути игра со што беа решени дилемите за вториот патник во големото финале.

На овој меч се испиша и историја откако Јапонката Руи Мачида постави нов олимспики рекорд со 18 клучни додвања за својата репрезентација.

Се вчитува...