ЛОИ – КОШАРКА: САД пресилен противник за Србија

Женската кошаркарска репрезентација на Соединетите Американски Држави се пласираше во финалето на Олимписките игри во Токио откако славеше над Србија во полуфиналето со убедливи 79-59.

Американките текот на натпреварот го назначија уште на самото отварање на мечот. Првата четвртина ја добија со 25-12, а до полувремето го зголемија водството на 41-23. Србија заигра подобро во третата четвртина во која успеа да им парира на Американите (17-16), но повторно потфрлија во последниот дел од натпреварот во кој речиси пет минути беше без постигнат поен.

Ивон Андерсон ја предводеше Србија со 15 поени, додека дабл-дабл од 15 поени и 12 скока во редовите на САД забележа Бритни Грајнер.

Во финалето САД ќе се сретне со подобриот од вториот полуфинален натпревар во кој ќе се сретнат Јапонија и Франција.

Се вчитува...