ЛОИ – КОШАРКА: Србија се „чекираше“ во четвртфиналето

Женската кошаркарска репрезентација на Србија успеа да се пласира во четвртфиналето на Олимписките игри откако со 65-61 славеше во последниот натпревар од групната фаза против Јужна Кореа.

Црвендакиќ беше предводничка на Србија со 15 поени и 7 скока, додека неа ја следеше Крајисник-Јовановиќ со 14 поени и 6 скока. За Јужна Кореа 17 поени, 7 скока и 5 асистенции забележа Парк Ју-Хјун.

Овој натпревар беше „да се биде или не“ за актуелниот европски шампион по поразот од Шпанија во претходното коло, а Србинките во следната фаза одат како најдобра треттопласирана екипа.

Се вчитува...