ЛОИ – КОШАРКА: Србинките со фуриозна последна четвртина до полуфинале

Женската кошаркарска репрезентација на Србија е прв полфуиналист на олимпискиот турнир во Токио откако во четвртфиналето во интересен натпревар славеше над Кина со 77-70. Србинките беа во големи проблеми бидејќи по три четвртини Кинеските имаа предност од 58-49.

Сепак, фуриозната последна четвртина која ја добија со 28-12, беше доволна за конечен триумф од 77-70. Јелена Брукс со 18 поени беше прво име во таборот на Србинките, додека Соња Васиќ уфрли два помалку. Кај Кинеските Шао Тинг заврши со 17 поени.

Во полуфиналето Србија го очекува подобриот од мега пресметката меѓу Соединетите Американски Држави и Австралија.

Се вчитува...