ЛОИ – КОШАРКА: Светскиот шампион немоќен, Американците на чекор до 4-то последователно злато

Кошаркарската репрезентација на САД славеше над Шпанија со 81-95 , па на овој начин обезбедија полуфинале на Олимписките игри во Токио.

Шпанците добро го почнаа натпреварот против големиот фаворит и по десет минути игра имаа предност од плус два 21-19. Сепак, Американците заиграа нешто подобро во втората четвртина, но на полувреме се замина со изедначен резултат од 43-43.

САД во вториот дел рутински го приведоа мечот до пласман во полуфинале, а таму за противник ќе ги чека подобрата репрезентација од дуелот меѓу Австралија и Аргентина.

Кевин Дурант мечот го заврши со 29 поени (10/17 од игра, 4/7 за три). Џру Холидеј додаде 12, Демијан Лилард 11 и Зак Лавињ 10. На Шпанија не и помогна ниту маестралниот Рики Рубио кој запиша 38 поени (13/20 од игра, 4/7 за три) и четири скока. Серхио Родригез постигна 16 поени, а Вили Ернангомес постигна 10 поени и 10 скока.

 

 

 

Се вчитува...