Лојалноста на дело: Ричарлисон во Евертон до 2024 година

Ричарлисон е една од ретките светли точки во тимот на Евертон сезонава, а бразилскиот напаѓач ги израдува фановите на „карамелите“ откако денеска потпиша нов долгогодишен договор со овој клуб. По добрите игри за Евертон и за „кариоките“ интерес за овој голгетер покажаа неколку премиерлигаши, но и клубови ширум Европа, но Ричарлисон ја потврди лојалноста кон клубот што пред 16 месеци плати 40 милиони фунти за да го доведе од Ватфорд.

„Веќе реков, сега само потврдив – планирам да сум овде уште долго време. Ова е клубот што ми даде можност да докажам каков фудбалер сум, што ми обезбеди место во бразилската репрезентација и за кој постигнав многу голови во Премиер-лигата. Клубот ми верува и јас му верувам на него“ – изјави Ричарлисон по потписот на новиот договор со важност до 2024 година.

Со овој потпис Бразилецот ќе заработува 120.000 фунти неделно, со што ќе се израмни на врвот на листата на најплатени фудбалери на Евертон заедно со Мина и со Бернард.

Се вчитува...