Лондонските клубови го крадат „бисерот“ на Милан

Новата сезона започна фантастично за Милан. „Росонерите“ се наоѓаат на првото место на табелата во домашното првенство, со пет бода повеќе од второпласираниот Интер. Френк Кеси е еден од оние „бисери“ од сенка на „росонерите“ кои го привлекуваат вниманието на клубовите ширум Европа.

Први на ред за играчот на Брегот на Слоновата коска, кој во 17. натпревари за Милан забележа четири гола и три асистенции, се Арсенал и Тотенхем. Договорот на одличниот играч за врска истекува во јуни 2022 година, неговата вредност изнесува околу 45 милиони евра, а Милан дефинитивно ќе се обиде да го задржи играчот од средниот ред на „Сан Сиро“ со нов договор.

Сепак, доколку „росонерите“ успеат да станат шампиони сезонава, тешко е да се поверува дека друг клуб ќе успее да го убеди Кеси на заминување од „Сан Сиро“.

Се вчитува...