Поранешниот шпански селектор Хулен Лопетеги не издржа долго на клупата на Реал Мадрид. По само 14 натпревари и очајни резултати кои кулминираа со дебаклот во „Ел Класико“, убедлив пораз (5-1) од Барселона, тој доби отказ, а негово место привремено е назначен тренерот на Б-тимот, Сантијаго Солари.
Лопетеги се заблагодари за шансата што ја доби, а не ја искористи во целост.
„По одлуката што ја донесе раководството, сакам да се заблагодарам на Реал Мадрид за укажаната доверба и шансата која ми ја даде. Благодарност и до фудбалерите за искрената работа, како и до сите вработени во клубот за пријатната соработка, и до навивачите кои ни искажаа поддршка. На Реал Мадрид му посакувам се најдобро оваа сезона“, изјави Хулен Лопетеги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА