Лопетеги: Последно за што размислувам е оставка

Реал Мадрид е во страшна резултатска криза. На „Сантијаго Бернабеу“ денеска го доживеа третиот пораз во серијата од четири меча без победа во Ла Лига. Во Мадрид славеше Леванте на Енис Барди со 1-2, а тренерот на „кралскиот клуб“, Хулен Лопетеги, вели дека нема намера да си даде оставка.

„Ова не смее да ни се случува. Бевме подобри, имавме многу шанси, а на почетокот примивме два наивни гола. Но, последно за што сега размислувам е оставка. Треба тимот да се подигне и да функционира во победнички ритам. Ние сме Реал Мадрид“, изјави Хулен Лопетеги по поразот од Леванте.

Сепак, шпанските медиуми најавуваат дека претседателот Флорентино Перез сериозно размислува да му даде отказ на Лопетеги, а како најсериозни кандидати за клупата на „кралевите“ се споменуваат Антонио Конте, Арсен Венгер и Гути.

Се вчитува...