Лорис го напушта Тотенхем

Долгогодишниот голман на Тотенхем, Хуго Лорис објави желба по завршувањето на сезоната да го напушти тимот. После 11 години, Тотенхем ќе има нов голман, откако Французинот објави дека ќе замине. Воедно стана и капитен на екипата, со која играше во финалето во Лигата на шампионите, но не успеа да освои ниту еден трофеј.

36-годишниот Лорис во минатото беше дел и од Лион и Ница, а по СП во Катар се прости и од репрезентативниот дрес на Франција.

„Ова е крај на една ера. Одлучив да пробам нешто друго. Внимателно ќе одлучам што понатаму. Не заборавив дека имам уште една година од договорот“, се огласи Лорис.

Се вчитува...