Лорис: Ќе биде голема неправда доколку Ливерпул не ја добие титулата

Голманот на Тотенхем, Хуго Лорис истакна дека ќе биде голема неправда кон Ливерпул доколку сезоната во Премиер-лигата не биде завршена.

„Тие се практично шампиони и навистина ќе биде неправедно кон нив. Имаат голема предност на табелата. Ќе има горчлив вкус околу недовршена работа. Ова за нив требаше да биде најубавиот дел од сезоната. Никој не сака да заврши на таков начин“, изјави Лорис. 

Пред прекинот на првенството Ливерпул имаше голема предност на првенствената табела и беше на чекор до освојување на трофејот по пауза од триесет години.

Се вчитува...