Лоша трансфер политика: ПСЖ даде 60 милиони евра за Хесе и Криховјак – зимава тие се на трансфер листа!

Минатото лето, актуелниот француски првак Пари Сен Жермен ги доведе Хесе Родригез и Грегорш Криховјак за вкупно 60 милиони евра, а веќе оваа зима, двајцата се на излезна врата од тимот од Париз. За шест месеци, многу работи се променија.

Некогашниот крилен фудбалер на Реал Мадрид, Хесе веќе доби дозвола за заминување од ПСЖ, а како негова следна дестинација се спомнува Лас Палмас, кој прикажува солидни партии во Примера.

Со идентични проблеми се соочува и полскиот репрезентативеец, Грегорш Криховјак, кој дојде во тимот од Севилја за 34 милиони евра. И покрај тоа што Криховјак и Емери имаа одлична соработка во Севилја, но играчот од средниот ред не е задоволен од својот статус, а за негов ангажман интерес постои од Вест Хем, Арсенал и Манчестер сити.

Се вчитува...