Лоша вест за Диего Симеоне пред Јувентус

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, се соочува со сериозен проблем во пресрет на дуелот од Лигата на шампионите против Јувентус откако остана без својот прв голман. Јан Облак заработи незгодна повреда при саботниот пораз од Реал Сосиедад, а лекарскиот тим на Атлетико препорача целосно мирување на Словенецот до крајот на оваа седмица, што значи дека тој дефинитивно нема да може да настапи против „старата дама“.

Местото на Облак на овој натпревар ќе го заземе Адан, кој ќе има тешка задача да го запре нападот на Јувентус предводен од Кристијано Роналдо.

Со сериозни проблеми се соочува и гостинскиот тренер Маурицио Сари, кој за мечот во Мадрид нема да може да смета на Кјелини, Де Шилјо и Даглас Коста, а крајно неизвесен е и настапот на Миралем Пјаниќ.

Се вчитува...