Лоша вест за Јирген Клоп пред клучниот дел од сезоната

Јирген Клоп одмори дел од првотимците на синоќешниот меч со Астон Вила, но Фабињо беше еден од оние кои беа стартери за Ливерпул. За жал на Ливерпул, Бразилецот уште во првото полувреме заработи повреда и мораше да биде заменет, Клоп по мечот истакна дека е оптимист, но првичните лекарски резултати не се „розови“ за Ливерпул.

Имено, Фабињо има истегнување на мускулот на ногата, поради што му е препорачано мирување од најмалку две седмици. Ова практично значи дека Бразилецот ќе го пропушти финалето на ФА Купот против Челси закажано за в сабота, како и преостанатите две средби до крајот на сезоната во Премиер-лигата.

Тој ќе биде во трка со времето за настап во финалето од Лигата на Шампионите, закажано за 28 мај во Париз, каде „црвените“ ќе се сретнат со Реал Мадрид.

Се вчитува...