Бојан Миовски доби уште поголема конкуренција за место во тимот на Глазгов Ренџерс откако шкотскиот гигант пред крајот на преодниот рок доведе уште еден голгетер.
Станува збор за 22-годишен Германец кој доаѓа од третолигашот Ханза, откако кариерата ја почна во Борусија Менхенгладбах. Тој постигна осум гола и пет асистенции сезонава, што беше препорака за стратегот Дени Рол да го бара во шкотската Премиер-лига.
Миовски секако не добива преголема минутажа на последните натпревари, па останува да се види дали доаѓањето на новиот напаѓач дополнително ќе го искомпликува статусот на Македонецот во Глазгов.
Надери е четвртото засилување на Глазгов Ренџерс во овој преоден рок, по крилото Андреас Сков Олсен од Волфсбург, плејмејкерот Точи Чуквуани од Штурм Град и дефанзивецот Тур Роменс од Вестерло.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

