Лоша вест за Партизан од Истанбул: Ефес го доби турското дерби со Фенербахче

Анадолу Ефес е многу блиску до плејин разигрувањето во Евролигата откако турскиот гигант славеше на големото дерби со Фенербахче, и тоа на гостински терен со резултат 80-82. Со овој триумф Ефес сега има скор од 16 победи и 17 порази, во последното коло на домашен терен ја пречекува Црвена Звезда и има огромни шанси и за деветтото место кое ќе му донесе предност на домашен терен во првиот меч од разигрувањето. Со ваквиот исход сериозно се намалуваат и шансите Партизан да стигне до посакуваното десетто место кое носи во плејин делот од Евролигата.

Денешната пресметка донесе потпросечна кошарка иако мечот беше многу значаен за двата тима, Фенер се обидуваше да дојде до триумф со кој би се вмешал во борбата за четвртото место, додека Ефес мораше да триумфира за да решава за сопствената судбина во плејин доигрувањето во последното коло. Ова придонесе двата тима да имаат сериозни падови во играта, но сепак кога беше најважно поумешни беа кошаркарите на Ефес, кои ја добија последната четртина со . Фенер се врати од „минус седум“ и на една минута до крајот намали на два поени негатива, но Бобуа ја погоди клучната тројка за гостите. Гудуриќ одговори со тројка на спротивната страна на 35 секунди до крајот (77-79), но Шејн Ларкин реализираше на 11 секунди до крајот за 77-81. Следеше нова тројка за домаќините преку Биберовиќ за 80-81, Брајант погоди едно од двете слободни фрлања, но Хејс Дејвис го промаши последниот шут за тројка што можеше да донесе победа на Фенер, за конечни 80-82 за Анадолу Ефес.

Клајбурн со 21 и Ларкин со 15 поени ги предводеа стрелците на победничкиот тим, додека најефикасни кај Фенербахче во ова турско дерби беа Вилбекин со 17 и Папајанис со 13 поени.

Се вчитува...