Божиќната програма во НБА лигата ќе донесе супер-дерби во Лос Анџелес, каде Леброн Џејмс и Лејкерси ќе го пречекаат Бруклин Нетс.
За гостинскиот тим нема да настапи Кевин Дурант. Најдобриот играч на „мрежичките“ добил позитивен тест за коронавирус и ќе биде надвор од конкуренција за овој дуел.
Во редовите на Бруклин ќе го нема и Кајри Ирвинг, кој се очекува сепак да добие шанса во тековната сезона. Тоа значи дека Џејмс Харден сам ќе ја води екипата на ова гостување.
Јанис Антетокумбо во последен момент се опорави и ќе биде дел од Милвоки Бакс на судирот со Бостон Селтикс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА