Лоши вести за Чави: Барса без Ансу Фати ќе му гостува на Баерн во Минхен

Нова лоша вест доби Чави Хернандез пред гостувањето кај Баерн Минхен во клучниот натпревар од Лигата на шампионите. Каталонскиот тим нема да ризикува и ќе настапи без Ансу Фати. Медицинскиот тим потврди дека младиот офанзивец нема да биде подготвен за дуелот на „Алијанц Арена“.

Позитивна работа е кам-бекот на Осман Дембеле. Од францускиот фудбалер ќе се очекува да прави разлика на натпреварот против еден од најдобрите европски клубови. Барселона мора да победи, ако не сака да зависи од Бенфика. Португалскиот гигант во последното коло од групната фаза ќе се сретне со Динамо Киев.

Баерн е перфектен со пет победи на првата позиција. За второто место, кое носи пласман во нокаут фазата, ќе се борат Барса и Бенфика. Шпанскиот клуб има два бода повеќе во однос на директниот ривал.

Се вчитува...