Лоши вести за Челси пред финалето од Лига Купот

Челси се соочува со нови проблеми пред клучен дел од сезоната во која „сините“ предводени од Маурисио Покетино имаат шанса да ги израдуваат своите фанови со освојување на Лига Купот. Но, за финалето против Ливерпул аргентинскиот стратег ќе мора да ја најде потребната формула за победа без Беноа Бадијашил.

Дваесетидвегодишниот Французин кој се мачеше со повреди уште на стартот на сезоната ќе биде надвор од теренот и во следниот месец поради повреда на препоните.

Се вчитува...