Лоши вести за Њукасл: Останаа без Барнс до крајот на годината

Фудбалерот на Њукасл, Харви Барнс ќе отсуствува од терените до крајот на годината поради повреда на стопалото, соопшти денеска тренерот Еди Хау.

Барнс се повреди во текот на мечот со Шефилд Јунајтед, кој Њукасл го доби со уебдливи 8-0. На фудбалерот ќе му бидат потребни три месеци да се опорави.

„Мислам дека ќе биде отсутен три месеци. Не е потребна операција што е добра вест, но сега мора да носи ортопедска чизма. Ќе мора да мирува некое време“, изјави Хау.

Барнс сезонава играше за Њукасл на шест натпревари, и постигна еден гол и една асистенција. Беше дел од тимот и на дуелот со Милан во Лигата на шампионите, каде влезе во финишот.

Се вчитува...