Ловрен до Бил Гејтс: Луѓето не се слепи…

Дејан Ловрен е првиот фудбалер од самата елита на европскиот фудбал што гласно ја поддржа теоријата за ширење на коронавирусот преку 5G технологија. Според оваа теорија, мултимилијардерот Бил Гејтс потоа ќе инвестира во вакцина во која ќе бидат вклучени микрочипови од нанотехнолошки изум, со кои ќе се контролираат луѓето.

Гејтс вчера на инстаграм постираше фотографија од себе како држи знак со благодарност до медицинските работници, под кој Ловрен напиша: Game Over Бил. Луѓето не се слепи.

Веднаш потоа дефанзивецот на Ливерпул почна да постира ставови на Дејвид Ике, кој е еден од најгласните поддржувачи на теоријата на заговор за 5G технологијата и нејзиното влијание врз коронавирусот.

Се вчитува...