Ловрен го пецна Салах: Си платил бензин за сите? Мене кафе во животот не си ме почeстил зошто си стегнат човек!

Ѕвездата на Ливерпул, Мохамед Салах беше се најде во центарот на вниманието откако на една бензинска пумпа на која полнел гориво се одлучил да им ги плати сметките на сите кои во тој момент полнеле гориво во своите автомобили.

Откако присутните почнале да го фотографираат Салах се одлучил да ги изненади и сите да ги почасти со гориво.

Меѓутоа сето тоа дел од неговите соиграчи од Ливерпул го прифатија и низ шега, па Дејан Ловрен му испрати еден зајадлив коментар:

„Дали може барем еднаш во животот мене да ме почастиш кафе? Обично ти си стегнат човек и затоа сум изненаден сега. Но, во секој случај тоа е убав гест“.

Факт е дека не е првпат Ловрен да испраќа зајадливи коментари и преку социјалните мрежи до својот добар пријател, Мохамед Салах.

Се вчитува...