Ловро Јотиќ заминува од Вардар?

Хрватскиот ракометар Ловро Јотиќ би можел да го напушти Вардар и да се пресели во бундеслигашот Лајпциг, пренесува германскиот „Билд“. Според „Билд“ хрватскиот интернационалец е една од главните желби на раководството на тимот и се заинтересирани да го доведат во своите редови.

Јотиќ во моментов поради повреда е надвор од терените. Хрватот во Вардар дојде на стартот на сезоната од редовите на Еурофарм Пелистер, а доколку се договори со Лајпциг тоа ќе биде неговиот прв ангажман во најсилната ракометна лига во Европа.

Се вчитува...