ЛШ четвртфинале: Јунајтед налета на Барселона, Јуве и Ливерпул среќлии

Англискиот премиерлигаш Манчестер јунајтед по елиминацијата на ПСЖ ќе има уште една тешка задача во Лигата на шампионите. Четвртфиналната пречка за „црвените ѓаволи“ ќе биде Барселона. Во англиски двобој ќе се сретнат Тотенхем и Манчестер Сити.

Италијанскиот првак Јувентус го доби „крвникот“ на Реал Мадрид, холандскиот тим Ајакс. Актуелниот вицепрвак Ливерпул ќе се сретне со Порто.

Во полуфиналето, победникот од дуелот Тотенхем – Манчестер Сити ќе игра со подобриот од дуелот Ајакс – Јувентус. Во второто полуфинале ќе се сретнат победниците од дуелите Барселона – Манчестер Јунајтед и Ливерпул – Порто.

ДВОЈКИ ЗА ЛШ, ЧЕТВРТФИНАЛЕ

АЈАКС – ЈУВЕНТУС

ЛИВЕРПУЛ – ПОРТО

ТОТЕНХЕМ – МАНЧЕСТЕР СИТИ

БАРСЕЛОНА – МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД 

Првите четвртфинални натпревари се на 9/10 април, а реваншите на 16/17 април.

Се вчитува...