Фудбалерите на Ливерпул славеа со 2-1 на домашен терен против Атлетико Мадрид во најинтересниот натпревар од денешната програма од 21 часот од новата сезона во Лигата на шампионите.
Гостите стигнаа до водство од 0-1 со погодокот на Љоренте во 17. минута. До крајот на првиот дел домаќините израмнија на 1-1 преку Собослаи во 40. минута, по феноменалната асистенција со пета на Араухо. Победа за црвените донесе Мекалистер (2-1) во 50. минута.
Liverpool [1] – 1 Atletico Madrid – Dominik Szoboszlai 40'
byu/ayoefico insoccer
Арсенал успеа да слави на гостувањето кај Наполи со 0-1. Стрелец на победничкиот погодок за топчиите беше Мартин Одегард во 75. минута.
Napoli 0 – [1] Arsenal – Martin Odegaard 75'
byu/West_Agent4651 insoccer
Актуелниот шампион Пари Сен Жермен ја стартуваше одбраната на титулата со убедлива победа над Слован Братислава од 6-1, додека Спортинг Лисабон беше подобар од Галатасарај со 3-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА