ЛШ по десет години без македонски тим, добра група за Митревски и Порто

Никола Митревски и неговиот Порто имаа среќа на денешната ждрепка одржава во Виена за новата сезона во ракометната Лига на шампиони. Португалскиот шампион се најде во групата А, а за противник ќе ги има: ПСЖ, Магдебург, ГОГ Гудме, Веспрем, Динамо Букурешт, Висла Плоцк и Загреб.

Актуелниот шампион Барселона се најде во групата Б, заедно со: Пик Сегед, Целје, Келце, Кил, Нант, Алборг, Елверум.

Македонија по десет години нема да има свој претставник во елитата, откако Вардар поради долгови беше исклучен.

Лига на шампиони, мажи, 2022/23:

Група А: Магдебург, ПСЖ, Порто, ГОГ Гудме, Веспрем, Динамо Букурешт, Висла Плоцк, Загреб

Група Б: ПИК Сегед, Барселона, Целје, Келце, Кил, Нант, Алборг, Елверум

Првото коло од новата сезона ќе се игра на 14/15 септември, додека завршниот турнир во Келн ќе биде 17/18 јуни 2023 година.

Се вчитува...