ЛШ: Реми на Ајакс, големи победи на Славија и на Бриж

Ајакс не успеа да стигне до предност на првиот меч од последното квалификациско коло за ЛШ, откако ланскиот полуфиналист ремизираше 0-0 на гостувањето на Кипар против АПОЕЛ. Холандскиот состав имаше доминација во поседот на топката, не искористи неколку убави шанси, но на моменти имаше и среќа бидејќи и АПОЕЛ создаде извонредни шанси што домашните фудбалери не успеаја да ги претворат во гол.

Ајакс го заврши натпреварот со фудбалер помалку на теренот откако на десетина минути до крајот црвен картон заработи Мазрауи.

Славија Прага се наоѓа на чекор до групите од Лигата на шампионите откако чешкиот првак славеше на гостувањето против Клуж со 0-1. Масопуст беше човекот на одлука постигнувајќи прекрасен гол со волеј удар по еден корнер од левата страна.

Со идентични 0-1 триумфираше и Бриж, кој успеа да стигне до предност на гостувањето во Австрија против ЛАСК. Ванакен беше стрелец на единствениот гол од пенал, веќе во 10. минута, а домаќините и покрај обидите не успеаја да стигнат до израмнување до самиот крај на средбата.

Се вчитува...