ЛШ: Розенборг го освои Марибор, Порто славеше во Русија

Норвешкиот тим Розенборг оствари значаен триумф (1-3) на гости против Марибор во првиот меч од третото квалификациско коло во Лигата на шампионите. Александер Содерлунд со два гола го изненади домаќинот, Тавареш намали на 1-2, а конечиот епилог го постави Мајк Јенсен во 71.минута од средбата. Розенборг е многу блиску до следната рунда во елитното европско клупско натпреварување.

Порто славеше минимално (0-1) против Краснодар на гости. Стрелецот на голот беше Серџо Оливеира во 89.минута од дуелот. И Олимпијакос со 0-1 си замина дома од гостувањето кај Башакшехир. Георгиос Масурас стрелаше за грчкиот тим во 53.минута.

Базел на домашен терен беше изненаден од ЛАСК со 1-2, а Клуж и Селтик ремизираа 1-1.

 

 

Се вчитува...