Љубов кон клубот: Чави и неговиот стучен штаб се откажуваат од 13 милиони евра

Поразот од 5-3 на домашен терен од Вилјареал во 21. коло во Ла Лига му пресуди на Чави на клупата на Барселона. Играчката легенда на каталонците најави заминување по крајот на сезоната и покрај тоа што има договор со клубот до јуни 2025 година.

А, и покрај тоа што со неговата одлука разочара голем број на фанови, Чави го импресираше, пред се, раководството на тимот со еден потег. Имено, како што пренесува „Спорт“, тој ќе се откаже од осум милиони евра, а неговиот стручен штаб од уште пет милиони евра од почит кон клубот.

Како потсетување, ова не е прв пат Чави финансиски да и излегува во пресрет на Барселона. При неговиот потпис со клубот во 2021 година се откажа од пет милиони евра со цел Барселона да не мора да го откупува неговиот договор од катарскиот Ал-Сад.

Се вчитува...