Љубовта е скапа: Кејн бара двојно поголема плата!

Хари Кејн ги израдува челниците и навивачите на Тотенхем откажувајќи се од намерата за трансфер во Манчестер Сити, но овој гест на лојалност има своја цена.

Нецели 24 часа по објавата на Кејн за останување во Тотенхем, стигна информацијата дека англискиот репрезентативец побарал да потпише нов договор, но за двојно поголема плата од онаа што ја заработува во моментов. Кејн е убедливо најплатен играч на „спарси“ со 200.000 фунти неделна заработувачка, но Кејн сега бара 400.000 фунти како награда за покажаната лојалност кон лондонскиот клуб.

Во изминатите денови тој водел бројни разговори со новиот директор Паратичи, кој успеал да го убеди да остане, ветувајќи му зголемување на платата. Сепак, тешко е да се поверува дека поранешниот оперативец на Јуве мислел на плата од 400.000 фунти, што сигурно ќе предизвика незадоволство кај останатите првотимци на „спарси“.

Се вчитува...