Хал Сити и Свонси одиграа луд натпревар во премиерниот меч од 33. коло во Чемпионшип. Мечот донесе осум гола, а заврши без победник 4-4. Домаќините поведоа со голот на Лопез во 6. минута, додека на 1-1 израмни Ротлиџ во 13. Со овој резултат се замина на пауза, а второто полувреме донесе лудост. Медисон донесе ново водство за домашниот тим во 50. минута, додека само пет минути подоцна Нотон израмни на 2-2.
Хал поведе со 3-2 во 61. минута, а потоа следуваа два гола на гостите за прво водство на мечот (3-4). Стрелци беа Керик во 77. и Брестер во 83. Конечните 4-4 ги постави Ивс со гол во судиското надополнување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА